КУП НА ГЕРМАНИЈА: Мајнц, Лајпциг, Ајнтрахт и Нирнберг во 1/8 финале

Фаворитите одиграа без грешка во првите четири денешни натпревари од германскиот Куп. Сите бундеслигаши обезбедија пласман во 1/8 финалето.

Мајнц со убедливи 0-3 го совлада тимот на Либек, додека Нирнберг славеше минимална победа над Мајнхајм. Понатаму оди и освојувачот Лајпциг, кој со 4-0 го порази Хамбургер, а Ајнтрахт Франкфурт беше поуспешен од Штутгарт Кикерс.

Вечерва се играат уште четири натпревари, додека останатите дуели се на програмата утре.

Се вчитува...