Фудбалерите на второлигашот Охрид обезбедија четвртфинале во Купот на Македонија откако во осминафиналната пресметка го декласираа „отпишаниот“ прволигаш Шкупи победувајќи со убедливи 3-0.
Охриѓани целосно доминираа на натпреварот уште во првото полувреме со два гола навестија дека се црвсто решени да дојдат до победата, а во финишот од мечот постигнаа уште еден гол за конечни 3-0.
Стрелци на головите за екипата на Охрид беа Антонио Каланоски и Иван Глигоров кој што стрелаше два пати.
Детонит Плачковица, исто така, се пласираше во четвртфиналето откако со 0-1 славеше на гостувањето против Беласица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

