Куп на Македонија: „Лавовите“ против Беласица, Победа – Академија Пандев во полуфиналето

Беласица – Македонија ЃП и Академија Пандев – Победа се полуфиналните пресметки во Купот на Македонија, одлучи денешната ждрепка во Фудбалската федерација на Македонија.

Во битката за финалето во најмасовното домашно клупско натпреварување, првите натпревари се играат на 27. февруари следната година, а реванш натпреварите се закажани за 10. април.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ПОЛУФИНАЛЕ

Беласица – Македонија ЃП

Академија Пандев – Победа

Се вчитува...