Куп на Македонија: Лесни победи на фаворитите

Фаворитите во осминафиналната фаза во ракометниот Куп на Македонија стигнаа до лесни победи. Пелистер 2 без поголеми проблеми славеше против Јехона со 40-19. До убедлив триумф стигна и Пролет против велешки Борец со 38-19.

Ракометарите на Бутел славеа на гостувањето кај Кичево 18-53, а за издвојување од овој меч се и 21 постигнат гол на ракометарот на Бутел, Марко Божиновски. Во останатите осминафинални дуели од денешната понуда, Преспа – Струга 16-32, Прилеп – Аеродром 31-23, Риниа – Работнички 14-30, Шампион – Тиквеш 23-34 и Јуниор К.В. – Драчево 32-24.

Се вчитува...