КУП НА МАКЕДОНИЈА: „Нокдаун“ за Шкупи во Пехчево, елиминирана и Ренова, Вардар и Работнички рутински

Вистинска сензација приреди амбициозниот второлигаш Кит Го од Пехчево елиминирајќи го во шеснаестфиналето од Купот на Македонија фаворизираниот Шкупи. Пехчевци во извонреден амбиен пред своите навивачи славеа со 2-0 против чаирчани.

Мартин Стојанов уште во 14. минута беше стрелец за Кит Го. Иако од 22. минута пехчевци играа и со играч помалку по исклучувањето на голманот Мирза Дураковиќ, сепак во самиот финиш постигнаа од брз контранапад и втор гол, повторно преку извонредниот Стојанов, за конечен триумф од 2-0.

Изненадувачка елиминација доживеа и Ренова која загуби од Тиквеш со 2-1 на гостувањето во Кавадарци.

Најубедливата денешни победа ги запиша Брегалница, Работнички и Силекс. Работнички победи со 0-4 против Фортуна. Хет-трик постигна Гофри Чинеду, а по еден гол запишаа и Стоименовски, Јанкуловски и Станковски. Силекс победи со 0-3 против Братсво Влазними.

Како и што се очекуваше, Вардар лесно со убедлива победа од 0-4 против Вардар Форино се пласираше во осминафиналето. „Црвено-црните“ победија со два гола на Максимов во 22. и во 60. минута, Антовски погоди во 74. минута а конечните 0-4 ги постави Попзлатанов во 79. минута од средбата.

Лесно пласман во осминафиналето избори и Академија Пандев која славеше со 1-3 на гостувањето против Лабуништа во Струга.

Велешки Борец е елиминиран по поразот од Кораб во Дебар од 1-0, а пласман понатаму избори и битолски Пелистер по триумфот од 0-1 на гостувањето против Осогово во Кочани.

Беласица убедливо со 0-4 славеше против Велазерими во Кичево.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16-ФИНАЛЕ

Дебар: КОРАБ – БОРЕЦ 1-0

Кичево: ВЕЛАЗЕРИМИ – БЕЛАСИЦА 0-4

Скопје: ФОРТУНА – РАБОТНИЧКИ 0-6

Струга: ЛАБУНИШТА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-3

Пехчево: КИТ ГО – ШКУПИ 2-0

Новаци: ПОЕШЕВО – БРЕГАЛНИЦА (Ш) 0-8

Форино: ВАРДАР ФОРИНО – ВАРДАР 0-4

Кочани: ОСОГОВО – ПЕЛИСТЕР 0-1

Тетово: ТЕТЕКС – ГОСТИВАР 1-1 (пен. 3-4)

Кратово: БРАТСТВО ВЛАЗНИМИ – СИЛЕКС 0-7

Кавадарци: ТИКВЕШ – РЕНОВА 2-1

Велес: ПРЕВАЛЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-2

Неготино: ВАРДАР НЕГОТИНО – СКОПЈЕ 1-3

Струга: СТРУГА ТЛ – ПОБЕДА (29. август)

Гевгелија: КОЖУФ – ШКЕНДИЈА (5. септември)

Се вчитува...