КУП НА МАКЕДОНИЈА: Победа домаќин во Битола, а Академија Пандев во Турново

Победа се одлучи да биде домаќин во Битола на реванш пресметката од четвртфиналето во Купот на Македонија кој денеска од 13 часот се игра на „Тумбе кафе“.

Прилепчани имаат негатива од 2-5 од првиот натпревар, па се чини ги очекува речиси невозможна акција во обидот да стигнат до полуфиналето во најмасовното домашно клупско натпреварување.

За промена на терен се одлучија и од Академија Пандев кои натпреварот против Тетекс ќе го играат на стадионот „Кукуш“ во Турново. „Пандевци“ имаат предност по првиот дуел од 2-0 и се очекува рутински да го трасираат патот до полуфиналето.

Во третиот четвртфинален натпревар, Скопје на „Железарница“ ќе ја пречека Ренова која од првиот натпревар има предност од два гола.

Утре, Вардар ќе го пречека Шкупи на стадионот во Ѓорче Петров во првиот дуел од осминафиналето во Купот. Поради желбата за зачувување на теренот на „Филип Втори“ за дуелот против Розенборг од Лигата на Европа, „вардарци“ ќе мора да играат во Ѓорче Петров. Реваншот од осминафиналето меѓу двете екипи е закажан за 17. декември на стадионот на Шкупи во Чаир. Победникот од овој двомеч во четвртфиналето напролет го чека тимот на Шкендија.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ – реванш натпревари (13 часот)Битола: ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР (2-5)Турново: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ТЕТЕКС (2-0)Скопје: СКОПЈЕ – РЕНОВА (0-2)

  • Во заградите се резултатите од првите четвртфинални натпревар

УТРЕ (Прв осминафинален натпревар – 13 ч.)Ѓорче Петров: ВАРДАР – ШКУПИ

Се вчитува...