Куп на Македонија: Пролет и Вардар Неготино според планот

Суперлигашите Пролет и Вардар Неготино се пласираа во следната рунда од Купот на Македонија, откако во денешните пресметки славеа над прволигашките екипи Аеродром, односно Партизан Гевгелија.

Пролет се мачеше да го скрши отпорот на аеродромци, откако во првите 30 минути РК Аеродром беше тимот што имаше водство од 19-17. Тоа беше дел од мечот во кој Пролет играше со значително подмладен состав, а откако Лембанов ги уфрли во игра првотимците, следеше и целосен пресврт и конечна победа од 35-33. Иван Џонов беше предводник на Пролет со седум гола, сите во второто полувреме, Мајнов и Димов постигнаа по пет, а Палевски и Фичорски по четири погодоци. Најефикасен во таборот на Аеродром беше Анакиевски со десет погодоци.

Вардар Неготино со импресивна игра го декласираше составот на Партизан од Гевгелија со преубедливи 40-16, откако победникот беше решен уште на полувреме, со водството на домаќините од 23-7. Тринаесет различни ракометари се запишаа меѓу стрелците за домашниот тим, а најефикасни со по пет гола беа Ташев, Ѓорѓев, Емини и Митевски.

Се вчитува...