Куп на Македонија: Работник прв до билет за фајналфор

Ракометарите на Работник први стигнаа до билет за завршниот турнир од Купот на Македонија, откако рутински ги добија двата натпревари на мини-турнирот чии домаќини беа во Битола. Избраниците на тренерот Алушовски во полуфиналето лесно го совладаа Охрид со 34-20, па во вечерашното финале од турнирот се сретнаа со Вардар јуниор, кој во вториот меч славеше над Астарион со 34-22.

„Фармацевтите“ од Битола немаа проблем ниту во големото финале, славејќи над младите „вардарци“ со убедливи 38-27, полувреме 23-12. Филип Кузмановски беше во главна улога и на оваа средба со седум погодоци, пред Граџан со шест и Петровски со пет постигнати гола.

Во групата што се игра во „Автокоманда“ во финалето ќе се сретнат Металург и Пролет. Ракометарите на Металург лесно славеа над Јуниор Кисела Вода со 39-21, а уште поубедливи беа играчите на Пролет, кои со извонредна игра славеа над Радовиш со 39-16.

Се вчитува...