КУП НА МАКЕДОНИЈА: Шампионот Вардар слободен, Пелистер против Шампион

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за првата фаза од годинашното издание на Купот на Македонија.

Вкупно сезонава ќе се натпреварува 31 екипа, од кои 12 суперлигаши и деветнаесетте тима од првата лига. Актуелниот шампион Вардар ќе биде слободен во првата фаза, додека Е. Пелистер ќе игра против Шампион.

Најинтересно се очекува да биде на мечевите меѓу Алалоид – Радовиш и Работнички – Драчево. Првото коло од Националниот куп на програмата ќе биде на 13. и 14. ноември.

Куп на Македонија 1. коло двојки:

Борец – Тиквеш

Работнички – Драчево

Пролет – Кичево

Охрид – Преспа

Алкалоид – Радовиш

Скопје – Текстилец

Металург – Јехона

Аеродром – Младост Богданци

Јуниор КВ – Куманово

Македонија ЃП – Струга

Бутел Скопје – Вардар Неготино

Астраион – Прилеп

Голден Арт – Партизан Гевгелија

Шампион – Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА

Вардар слободен

Се вчитува...