Куп на Македонија: Шкендија против Кит Го, Вардар со Македонија ЃП во осминафиналето

Бранителот на титулата во Купот на Македонија, Шкендија ќе се соочи со новиот амбициозен второлигаш Кит Го од Пехчево во осминафиналето на најмасовното домашно клупско натпреварување.

Денешната ждрепка во ФФМ сакаше Вардар да се сретне со Македонија ЃП, а Работнички ќе игра со кавадаречки Тиквеш…

Првите натпревари ќе се одиграат  на 19. септември, а реваншите се закажани три недели подоцна.

КУП НА МАКЕДОНИЈА (ОСМИНАФИНАЛНИ ДВОЈКИ)

Тиквеш – Работнички

Вардар – Македонија ЃП

Пелистер – Беласица

Гостивар – Победа

Брегалница – Академија Пандев

Скопје – Силекс

Шкендија – Кит Го

Кораби – слободен

Се вчитува...