Куп на Македонија: Скопско – битолска битка во Куманово

Вардар и Работник ќе ги одмерат силите уште во полуфиналето од завршниот турнир во Купот на Македонија во ракомет што ќе се одржи на 10 и 11 мај во Куманово. Ждрепката не им беше наклонета на битолските „фармацевти“, кои налетаа на бранителот на трофејот, воедно и главен фаворит за пехарот и оваа сезона.

Во вториот полуфинален натпревар силите ќе ги одмерат скопските ривали Металург и Бутел. Големото финале на програмата е на 11 мај со почеток во 20 часот.

Во женска конкуренција двата фаворити за трофејот исто така ќе се сретнат уште  во полуфиналето, домаќинот Куманово за ривал ќе го има Металург, додека во втората полуфинална пресметка силите ќе ги одмерат Вардар и Стружанка.

Се вчитува...