КУП НА МАКЕДОНИЈА: Струга се извлече, сите фаворити во четвртфинале (ВИДЕО)

Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига Струга Трим и Лум потешко од очекуваното стигна до четвртфиналето во националниот куп откако по пресврт на домашен терен славеше над Работнички со 2-1.

Гостите поведоа во 14. минута со голот на Крсте Велковски од пенал. Бесарт Ибраими не успеа да реализира пенал за стружани, но и покрај тоа домаќините некако успеаја на крајот да го урнат отпорот на противникот. Малески донесе израмнување за стружани од 1-1 во 76. минута, додека конечните 2-1 ги постави Кочовски во 82. минута.

Академија Пандев броеше до девет против третолигашот Љуботен, а до убедлива победа стигнаа и Шкупи против Воска 6-0, како и Шкендија против Скопје 5-0. Најтрофејниот македонски клуб Вардар без проблеми со 4-0 славеше над Фортуна, додека Брегалница со минимални 1-0 беше подобра од Пелистер, како и Силекс на гостувањето кај Тиквеш.

КУП 1/8 ФИНАЛЕ (14 ч.): 

Струга ТЛ – Работнички  2-1

Тиквеш – Силекс 0-1

Брегалница – Пелистер 1-0

Шкупи – Воска  6-0

Ак. Пандев – Љуботен  9-0

Шкендија – Скопје     5-0

Вардар – Фортуна  4-0 

19. октомври: 

Победа – Македонија ЃП

Се вчитува...