КУП НА МАКЕДОНИЈА: Тиквеш и Шкупи без голови на полувремето, Фазли ги одржува надежите на „лавовите“ (ВИДЕО)

Тиквеш и Шкупи играат без голови по првите 45 минути на реванш натпреварот од полуфиналето во Купот на Македонија. Резултатски идентично како и по првиот натпревар на Чаир, на крај ќе одлучува второто полувреме во Кавадарци околу патникот во финалето на најмасовното домашно клупско натпреварување.

Во второто полуфинале, во Ѓорче Петров, Македонија ЃП и Воска Спорт по првите 45 минути е 1-1.

Воска спорт прва поведе уште во 13. минута со голот на Јахији.

Но, поранешниот репрезентативец Самир Фазли во 25. минута успеа да израмни на 1-1, на тој начин одржувајќи ги надежите на „лавовите“ за пласман во финале, иако ќе биде тешко ако се знае дека на првиот натпревар во Охрид, екипата на Воска Спорт победи со 2-0.


КУП НА МАКЕДОНИЈА – ПОЛУФИНАЛЕ (прво полувреме)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА СПОРТ 1-1 (0-2)
Фазли 25′ – Јахији 13′
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКУПИ 0-0 (0-0)
* Во заградите за резултатите од првите натпревари

Се вчитува...