КУП НА МАКЕДОНИЈА: Вардар губи од Македонија ЃП на полувремето, Шкендија лесно со Кит Го

Вардар неочекувано има негатива од 0-1 по првото полувреме во првиот осминафинален натпревар против Македонија ЃП.

На дуелот кој се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, „лавовите“ до предноста дојдоа во 13. минута со голот на поранешниот „вардарец“, Христијан Кировски.

Шкендија, пак, води со 2-0 против второлигашот Кит Го од Пехчево. Арменд Алими во 22. минута и Омар Имери во 24. минута беа стрелци за тетовци.

Академија Пандев има предност од 1-2 по првите 45 минути на гостувањето против Брегалница во Штип. Марио Крстевски во 5. и во 12. минута донесе брзо водство за Академија Пандев на гостувањето во Штип, а Брегалница успеа да ја намали предноста со голот на Лазе Илиев во 22. минута од натпреварот.

Од останатите мечеви единствено уште Беласица води со 0-1 на гостувањето против Пелистер во Битола.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ (прво полувреме)

Тетово: ШКЕНДИЈА – КИТ ГО 2-0

Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1

Битола: ПЕЛИСТЕР – БЕЛАСИЦА 0-1

Кавадарци: ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 0-0

Скопје: СКОПЈЕ – СИЛЕКС 0-0

Гостивар: ГОСТИВАР – ПОБЕДА 0-0

Штип: БРЕГАЛНИЦА – АК. ПАНДЕВ 1-2

КОРАБ – слободен

  • Реваншите се играат на 10. октомври

Се вчитува...