Куп на Македонија во одбојка: Шутова на мегдан со Струмица

Денеска во просториите на Одбојкарската Федерација на Македонија беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија. Бранителот на трофејот Шутова ќе ги одмери силите со Струмица, Лешок за ривал го доби Пробиштип, Студент го очекува двомеч со Борец, додека Лирија и Вардар ќе се борат за место меѓу четирите најдобри во ова натпреварување.

Во рамките од Купот на Македонија во женска категорија Јанта Волеј ќе се сретне со Бами Кор, Наковски Волеј за ривал ќе го има тимот на Македонија макс, Студент ќе ги одмери силите со СЦСК, додека Пелистер Волеј во четвртфиналето ќе води битка со Универзитет Тетово.

odbojka zdreb

Се вчитува...