Куп натпреварот меѓу Победа и Македонија ЃП одложен за 19. октомври

Победа и Македонија ЃП утре нема да го одиграат својот натпревар од 1/8 финалето во Купот на Македонија. Натпреварот кој требаше да се одигра утре во 14 часот, е презакажан за на 19. октомври.

Причината е настапот на младинците на Победа на утрешниот меч со Колрејн во младинската Лига на шампиони. Познато е дека неколку играчи од првиот тим се дел од младинците на прилепчани, па така „лавовите“ излегоа во пресрет на барањето на Победа да биде одложен натпреварот.

Првиот меч меѓу Колрејн и Победа заврши со победа на тимот од Северна Ирска со 3-2.

Се вчитува...