Куп: Победа е баук за Шкендија, најлесна задача за Академија Пандев

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, тимот на Шкендија, го пречекува составот на Победа во Тетово, во рамките на првиот четвртфинален натпревар од најмасовното фудбалско натпреварување. Прилепскиот прволигаш се покажа незгоден ривал за тетовци на последните неколку дуели, па оттаму овој меч носи и дополнителна возбуда. Шкендија е десеткувана со повредите на Бесарт Ибраими и на Стенио Жуниор, но и без нив тренерот Ќатип Османи има квалитетен ростер за да обезбеди пласман во следната рунда.

Интересно ќе биде и во Ѓорче Петров, каде Македонија ЃП ќе биде домаќин на Работнички. „Лавовите“ играат одлично по враќањето во елитата, а очигледно дека имаат амбиции и во Купот. Работнички секогаш атакува на место во завршницата на ова натпреварување.

Најлесна задача, барем на хартија, треба да има Академија Пандев. Тимот на Југослав Тренчовски ќе ги одмери силите против второлигашот Кораби. ’Пандевци’ се фаворити за пласман меѓу четирите најдобри екипи, но треба да го потврдат тоа и на теренот.

Во Кратово, Силекс ќе ја пречека Беласица. И двете екипи не играат најдобро ниту во шампионатот, па двомечот во Купот може да биде добра можност за да тргнат во посакуван правец.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1/4-ФИНАЛЕ (први мечеви) 13 ЧАСОТ

ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ

СИЛЕКС – БЕЛАСИЦА

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – КОРАБИ

 

Се вчитува...