Куп: Вардар даде двојно повеќе голови од Радовиш

Вардар рутински обезбеди пласман во финалето од својата група во Купот на Македонија откако „црвено-црните“ без многу мака славеа на гостувањето против Радовиш со убедливи 21-42.

Избраниците на Недановски го отворија мечот со рано водство од 1-6, по што продолжија да доминираат до крајот на полувремето, на одмор заминувајќи со двоцифрена предност од 10-23. Доминацијата на Вардар продолжи до самиот крај, за фаворитот на крајот да слави со убедливи „плус 21“.

Бакар беше најефикасен во таборот на Вардар со девет постигнати гола, Петриќ постигна седум, а Ќосевски шест погодоци за фаворитот.

Ривал на „вардарци“ во големото финале ќе биде тимот на ГА, кој синоќа изненади со убедливата победа на гостувањето против Пролет.

Се вчитува...