Купете му очила: Не виде гол на Меси, сега измисли пенал за Еспањол

Шпанскиот арбитар Иглесијас Вилануева дефинитивно треба да одмори извесно време од судењето по втората катастрофална грешка што ја направи во рок од неколку дена.

Откако не виде чист гол на Лионел Меси на дербито со Валенсија, Вилануева дополнително се избламира на куп-пресмектата меѓу Еспањол и Тенерифе, досудувајќи пенал за домаќините иако гостинскиот фудбалер играше со рака еден метар надвор од сопствениот шеснаесетник.

Се вчитува...