Интер официјално го потврди трансферот на Куртис Џонс од Ливерпул. Англискиот репрезентативец стави потпис на договор со италијанскиот шампион до јуни 2031 година.
Џонс по 16 години го напушта Ливерпул, клубот во кој ја помина целата своја досегашна професионална кариера. За првиот тим на „црвените“ одигра 228 натпревари и постигна 22 гола.
Интер за трансферот ќе плати 30 милиони евра фиксно, а договорот предвидува уште пет милиони евра преку бонуси. Ливерпул исто така ќе има право на 10 проценти од идниот трансфер на Џонс.
Дваесет и петгодишниот фудбалер во својата кариера со Ливерпул освои две титули во Премиер-лигата, два трофеи во ФА Купот и два во Лига купот, како и Светското клупско првенство.
Џонс е трет англиски фудбалер кој ова лето пристигна во Интер, по Џон Стоунс и Џед Спенс. Со неговото ангажирање, тренерот Кристијан Киву добива уште една опција во средниот ред пред почетокот на новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
