Куртис Џоунс од Феникс 2010 со трансфер во „Џи-лига“

Феникс 2010 во продолжението од сезоната нема да може да смета на услугите на Куртис Џоунс кој направи трансфер во „Џи-лигата“. Американецот играше одлично во првиот дел од сезоната во македонското првенство, а добрите настапи за новлијата му донесоа и понуда за настап во развојната лига на НБА.

Дваесетипетгодишникот на десет одиграни натпревари забележа просек од 18.7 поени, 4.5 скока, 2.8 асистенции и 1.3 украдени топки по натпревар со што Џоунс беше прв стрелец на скопскиот состав па неговата замена ќе има тешка задача да ги „пополни неговите патики“.

Џоунс кој воедно беше и првото странско засилување во историјата на Феникс 2010 ќе остане запомнет по атрактивните потези на мак-баскет сцената.

Се вчитува...