Куртоа отворено проговори за ситуацијата во соблекувалната во Реал, па ги спореди Анчелоти и Алонсо

Суперѕвездата на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, даде позитивна слика за соблекувалната во својот тим, и покрај бројните гласини и пишувања во медиумите за незадоволство во тимот.

Неколку написи во локалните шпански медиуми го доведоа во прашање односот меѓу Чаби Алонсо и одредени играчи, но Куртоа ги негираше таквите обвинувања без многу двоумење.

Поранешниот тренер Карло Анчелоти минатата недела изјави дека „реми во Мадрид често е синоним за криза“, а Куртоа верува дека тензиите се преувеличуваат.

„Секогаш има повеќе бучава од надвор отколку од внатре. Нè критикуваат дури и за едно реми. Да, мора да се подобриме, но ништо не е драматично“ – вели Куртоа.

Неколку играчи на Реал застанаа во одбрана на Винисиус Жуниор по неговиот испад во последното Ел Класико,  а истото го направи и Куртоа.

„Приказната за Винисиус е завршена. Тој се извини и продолжуваме понатаму. Сите сме луѓе, а во натпреварите под висок притисок понекогаш реагираме на начин за кој подоцна жалиме. Тој им се извини на целиот тим и тренерскиот штаб. Сè е во ред“ – истакнува голманот на Реал.

Во контекст на наводното незадоволство во соблекувалната, промената на тренерот, доаѓањето на Чаби Алонсо на местото на Карло Анчелоти, кој е познат по тоа што ги држи ѕвездите под контрола. Ова предизвика бројни дискусии низ целиот свет и меѓу навивачите на Реал Мадрид. Куртоа признава дека тоа бил важен момент.

„Анчелоти беше како татко на сите нас. Чаби е помодерен. Тие се двајца врвни тренери, секој со свој стил. Да кажеме дека ни недостига Анчелоти би било непочитување кон Чаби. Имаме добар однос со Алонсо“ – рече Куртоа и продолжи:

„Во соблекувалната е нормално некои играчи да се помалку задоволни затоа што не играат доволно. Тренираме добро. Разговараме за сè отворено; нема проблеми. Ако треба да се воспостави ред, знаеме како да го направиме тоа, но нема потреба за такво нешто. Сите работиме во иста насока и со заеднички цели“ – вели Куртоа.

Се вчитува...