Куртоа: Реал Мадрид е „жртва“, немаше пенал

Реал Мадрид не успеа да ја продолжи серијата победи. „Кралевите“ освоија само бод на гостувањето кај Елче.

Домашниот тим од пенал стигна до бод на овој натпревар, а голманот на Реал, Тибо Куртоа не е задоволен од фактот што беше досуден пенал против неговиот тим.

“Бевме многу добри, посебно во првото полувреме. Создадовме шанси, постигнавме гол, но играта се промени по досудениот пенал. Мислам дека беше пресуден премногу лесно. Немаше досудено пенал на Бензема во првото полувреме. Ако не беше досуден пенал за Карим, немаше логика да биде доседен и овој против нас. Сепак, не смееме да размислуваме за судијата. Изгубивме три бода, малку сме фрустрирани, но ова не треба да не поколеба бидејќи покажавме добра игра“, рече Куртоа.

Реал Мадрид ја заврши 2020 година на второто место во Ла Лига со 33 бода. Имаат два помалку од градскиот ривал Атлетико, но и два натпревари повеќе.

Се вчитува...