Куртоа сака во Реал: Срцето ми остана во Мадрид

Тибо Куртоа повторно ги разгоре страстите околу неговата фудбалска иднина најавувајќи дека е подготвен да се пресели во Реал Мадрид доколку „кралевите“ се договорат со Челси околу висината на отштетата. Англискиот првак е подготвен да му даде плата од 200.000 фунти неделно, со што Куртоа би станал најплатен голман во светот на фудбалот, но Белгиецот воопшто не одговара на понудата чекајќи да види дали „кралскиот клуб“ би тргнал во офанзива за негов ангажмман во текот на летото.

Овој 25-годишен чувар на мрежата настапуваше неколку сезони на позајмица во Атлетико Мадрид, па сега без размислување би се вратил назад во шпанската престолнина.

Ако Реал навистина е заинтересиран и дојде со понуда, мојот одговор ќе биде потврден. Срцето ми остана во Мадрид уште од времето минато во Атлетико и ако ми се укаже шанса да се вратам, јас би го сторил тоа. Семејството ми е таму, двете деца заедно со нивната мајка, одам секогаш кога можам, но би било прекрасно кога би можел пак да живеам и да играм во Мадрид. Сепак, јас сум фудбалер на Челси и за било каков трансфер ќе треба да дојде до договор меѓу клубовите“ – истакна Куртоа.

Се вчитува...