Кутињо дебитираше, Барса во полуфиналето на Купот на Шпанија

Барселона обезбеди пласман во полуфиналето на Купот на Шпанија, откако го елиминира градскиот ривал Еспањол. На „Камп Ноу“, тимот на Ернесто Валверде славеше со 2-0 и ја надомести негативата од еден гол (0-1) од првиот меч.

Луис Суарез го постигна првиот гол за Барселона во деветтата минута, кога со удар со глава ја затресе мрежата на Еспањол, а вториот погодок беше дело на Лионел Меси во 25.минута. Новоот засилување Фелипе Кутињо на овој меч го имаше дебито во дресот на Барселона. Тој влезе во игра во 68.минута на местото на Андрес Иниеста.

Се вчитува...