Кутињо е незадоволен, бара гаранции за трансфер во Барселона

Филипе Кутињо на последниот дуел со Спартак Москва го постигна својот прв хет-трик во дресот на Ливерпул, но очигледно беше неговото нерасположение по што повторно се појавија и шпекулациите за зимски трансфер во Барселона. Како што јавува весникот „Мирор“, на Кутињо му било кажано да не се надева дека во јануари би можел да се пресели на „Камп ноу“, па сега Бразилецот како утеха бара гаранции (ветување) дека нема да има „вето“ на овој трансфер во наредниот летен преоден рок.

Каталонскиот гигант се уште го посочува овој ас како своја главна желба на пазарот, се споменува сума од 150 милиони евра, но Ливерпул не сака ни да чуе за разделба од својот најдобар фудбалер. Сепак, англиските медиуми најавуваат дека Кутињо би можел да си замине по СП во Русија, кога Јирген Клоп би имал повеќе опции на пазарот за да доведе адекватна замена.

Бразилецот ги пропушти првите натпревари од сезонава жалејќи се на повреда иако беше јасно дека причината е незадоволство од нереализираниот трансфер, па останува да се види дали такво нешто ќе се повтори и во текот на јануарскиот преоден рок.

Кутињо денеска не се појави во стартниот тим на Ливерпул на градското дерби со Евертон.

Се вчитува...