Кутињо и Ракитиќ го трасираа патот на Барса кон ново финале во Купот

Барселона се пласира во финалето на Купот на Шпанија, каде ќе ги одмери силите против Севилја, откако вечерва на „Месталја“ ја совлада Валенсија со 0-2 (вкупен резултат 0-3). На тој начин каталонскиот гигант доминантно обезбеди нов финален меч во Купот.

Фелипе Кутињо во 49.минута, само четири минути откако влезе во игра, го постигна водечкиот погодок за Барселона, а Иван Ракитиќ ја потврди победата во 82.минута од средбата.

Се вчитува...