Кутињо не оди никаде – Ливерпул одби 100 милиони евра од Барса

Плановите на Барселона со офанзива по Филипе Кутињо да се убеди Ливерпул да го продаде својот најдобар фудбалер не вродија со плод, откако англискиот гигант остана цврст на својот став дека нема намера да се раздели од бразилскиот генијалец. Доказ за тоа е и синоќешната понуда од 100 милиони евра што Барса ја испрати за Кутињо, а што експресно беше одбиена од страна на раководството на „црвените“.

Пораката до каталонците е јасна, за разлика од Борусија Дортмунд и цената за Дембеле што ја бара во висина од 150 милиони евра, Ливерпул воопшто не наведува цена за Кутињо, ставајќи до знаење дека нема никаков простор за трансфер. Самиот фудбалер би сакал да се пресели на „Камп ноу“, но исто така и ставил до знаење дека нема сосила да инсистира на трансфер и доколку клубовите не се договорат, тој со задоволство ќе остане на „Енфилд“.

Барса најавува уште една понуда од 120 милиони фунти, но Јирген Клоп и челниците на Ливерпул немаат намера да го променат својот став, па каталонците најверојатно ќе мора да се откажат од Кутињо и погледите да ги насочат кон останатите играчи кои се наоѓаат на листата со желби на тренерот Валверде.

Се вчитува...