Кузмановски: Барса е фаворит во секое натпреварување, тешко е да се игра против нив

Ракометарите на македонскиот шампион Е. Пелистер забележаа нов пораз сезонава во Лигата на шампионите откако вечерва во 5. коло на домашен терен беа поразени од моќната Барселона со 30-34.

Капитенот на пелистерци, Филип Кузмановски по мечот ги сумираше впечатоците…

„Пред се, честитки за Барселона. За мене тие се еден од најсилните клубови во Европа, а Карлос Ортега е врвен тренер и ја носи екипата до совршенство. Барселона е фаворит во секое натпреварување за трофејот и тешко е да се игра против нив. Има квалитетни играчи, игра меѓу најдобри одбрани и има страшна полуконтра. Мора да бидеме горди како одигравме, затоа што тимот се покажа на ниво. Битолската публика сигурно виде поинаков Пелистер, овој Пелистер ветува многу и треба сите да бидат задоволни. Горд сум на моите момци, одигравме напорен меч и сега мора да се фокусираме на следните дуели“

Се вчитува...