Кузмановски: Чест е да се отвори првенството против европскиот првак

Капитенот на Металург, Филип Кузмановски вели дека чест е да се игра против европскиот шампион на отворањето од СЕХА лигата, и смета дека успешните по подготовки од летото имаат начин како да се справат со Вардар. Кузмановски се надева дека дека трибините ќе се наполнат до последно место, па така публиката да им биде ветар во грб против апсолутниот фаворит.

„Ја имаме таа чест да играме против европскиот првак на отворањето од СЕХА лигата. Можам да кажам дека имавме успешни подготовки ова лето. Најмногу се фокусиравме на тактичкиот дел, и се забележува доста напредок. Овие млади момци имаат квалитет, за вакви натпревари се подготвуваме цел живот. Се надевам дека ќе успееме да се спротивставиме. Ќе биде убаво ако имаме помош од полна сала, послатка да биде победата“, изјави Кузмановски.

Се вчитува...