Кузмановски е играч на сезоната: Зад ова признание стои моето семејство, соиграчите и градот Битола

Ракометната федерација на Македонија вечерва на гала вечера организирана во хотелот „Хилтон“ во Скопје ги избра најдобрите за сезоната 2024/2025 година. За најдобар македонски ракометар е избран Филип Кузмановски од Е. Пелистер кој имаше неверојатна сезона во дресот на македонскиот шампион.

Тој по добивањето на признанието изјави дека најголеми виновници за ова признание се неговото семејство соиграчите и градот Битола.

„Благодарност до РФМ и претседателот како и до Министерството за спорт. Чест е да се биде овде пред толку многу легенди. Зад оваа награда стои титула, моето семејство, моите соиграчи и градот Битола. Благодарност до сите“, изјави Кузмановски. 

Се вчитува...