Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски е повторно најзаслужен за победата на Кувајт Спорт на Азиското клупско првенство.
Кувајт Спорт Клуб дојде и до втора победа предводен од Кузмановски, против Ал Наџма од Бахреин, каде што игра вардарецот Урош Митровиќ, со 30-26.
Македонскиот лев бек беше избран за МВП на мечот со шест гола во противничката мрежа.
Десниот бек од Србија, Митровиќ, постигна три гола и беше втор стрелец во поразениот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
