Кузмановски го предводеше Хановер до победа над Мелсунген

Филип Кузмановски и Хановер им се вратија на победите во германското првенство откако во 29. коло славеа на гостувањето кај Мелсунген со 22-29. По изедначеното прво полувреме гостите ги земаа работите во свои раце, одиграа одлично во одбраната и дозволија само осум гола, а постигнаа 14 за значајна победа.

Македонскиот интернационалец одигра одличен натпревар и беше втор најдобар стрелец на натпреварот со шест гола од осум обида.

Со овој триумф Хановер стигна до двоцифрен број на победи во првенството и сега го завзема 14. место на табелата со 21 освоен бод.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...