Кузмановски: Го решивме Вардар со ’7 на 6’, за да видат дека не треба никого да потценуваат!

Младиот тим на Металург успеа да направи големо изменадување во „Автокоманда“ и го совлада ’ѕвездениот’ состав на Вардар со 29-26. Лино Червар успеа да го надмудри Раул Гонзалес во „селекторската пресметка“, а репрезентативецот Филип Кузмановски вели дека пресудна била добрата игра на Металург ’7 на 6’.

„Победивме голем ривал и среќни сме поради тоа. Младоста овојпат победи, трениравме многу во изминатите неколку дена, форсирајќи ја играта ’7 на 6’. Ја посакувавме победата, ние сме млади ракометари во Металург, желни за докажување, иако знаете каква е ситуацијата во Металург. Но, им покажавме на ракометарите на Вардар дека не треба никого да потценуваат и во домашното првенство, иако тие се голем тим кој ќе игра на Ф4 од СЕХА – лигата, а се бори и за Ф4 во Лигата на шампионите. Но, и сите останати тимови во Македонија играат ракомет, и тоа добар, и нема да биде лесно ниту во Битола, ниту на било кој друг меч од Суперлигата, дури и за Вардар. Им посакувам се најдобро во останатите натпреварувања, но Металург ќе се бори за титулата во домашниот шампионат“, изјави Филип Кузмановски, истакнувајќи дека сите ракометари победата му ја посветуваат на учителот Лино Червар.

Се вчитува...