Кузмановски: Жал ми е за битолчани, никако да им возвратиме на најдобар начин

Македонскиот шампион Е. Пелистер никако да освои барем еден бод низ настапите во Лигата на шампионите сезонава. Еурофарм е најслабата екипа по десет одиграни натпревари во ЛШ, единствена заедно со Целје без ниту еден бод низ досегашниот тек на елитното натпреварување.

Репрезентативецот Филип Кузмановски со осум гола беше најдобриот во вчерашниот пораз на тимот од ППД Загреб во Битола, но останува разочаран што никако не успеваат да ја израдуваат битолската публика.

„Сакам да се заблагодарам на публиката што секогаш не бодри максимално. Многу ми е криво за нив затоа што ние не успеваме да им возвратиме на најдобар начин. Мене ми е жал што од стартот на сезоната на бев со оваа екипа затоа што има потенцијал за многу повеќе од досега прикажаното. Ова е млада екипа со неколку искусни имиња која напредува во континуитет“ – вели Кузмановски, и дополнува:

„Бевме навистина добро подготвени за натпреварот со Загреб, имавме многу анализи, знаевме дека тие се голема екипа. Дадовме се од себе, но на крај одлучуваа нијансите. Верувам дека ќе бидеме подобри понатаму“.

Е. Пелистер сега го чека пауза а следниот натпревар во Лигата на шампионите е во февруари следната година.

Се вчитува...