Ракометната репрезентација на Македонија го задржува континуитетот и е една од ретките со редовен настап на сите европски и светски првенства од 2012 година откако „црвено-жолтите“ со импресивна победа над Литванија стигнаа до второто место во групата кое значи и билет за ЕП 2026. За пласман на ЕП ни беше довона победа од најмалку два гола, но ракометарите одиграа импресивно, пред се во второто полувреме во кое целосно го скршија отпорот на гостите и славеа со убедливи 26-17.
Капитенот на репрезентацијата, Филип Кузмановски изјави дека Македонија е повторно таму каде што и е местото.
„Пред се да се заблагодарам на публиката, среќен сум и горд на моите момци. Ова ЕП многу ни значи, што ќе завршиме повторно таму каде што ни е местото. Покажавме дека оваа екипа има многу квалитет и дека многу ветува во иднина, го покажавме тоа и на Светското првенство. Не се издвојуваме како поединци, туку како тим. Никого не потценивме во нашата група, Литванија беше тежок противник. Одиме на ЕП, навистина сме среќни. Натпреварот го почнавме тешко, но почувствувме малку умор. Меѓутоа секогаш кога се игра за Македонија има секогаш дополнителна енергија, и сум среќен за овој успех. Јас за мене секогаш се трудам секогаш да бидам пример како на теренот така и надвор од него. Јас и постарите играчи да бидеме пример за помладите“, изјави Кузмановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА