Кузмановски побара раскин со Металург, дали ќе игра во ЛШ за Вардар?

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски денеска и официјално поднесе барање за раскин на договорот со Металург во Ракометната федерација на Македонија. Ова по несогласувањата со раководството на клубот поради заостанати долгови кои Металург ги има кон него и кон останатите ракометари.

На Кузмановски најверојатно му „пукна филмот“, откако имаше средба и со сопственикот Минчо Јорданов на која не доби конкретен одговор кога ќе биде исплатен, туку само објаснување дека ќе треба „уште малку да почека“.

Сепак, ракометарот нема многу време за чекање, со оглед дека стартува новата сезона во Лигата на шампионите, а веќе се шпекулира дека со можен раскин на договорот тој би заиграл за РК Вардар како замена за повредениот Сергеј Горбок. Во игра е и ППД Загреб на Лино Червар.

Кузмановски треба да одлучи каде ќе ја одигра оваа сезона, со оглед дека од другата најверојатно ќе се пресели во Германија, каде што има преддоговор од Магдебург.

Се вчитува...