Кузмановски со гол во последната секунда му донесе триумф на Хановер

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски е херој на својот Хановер откако го постигна победничкиот погодок во триумфот над Ерланген од 28-27 во натпревар од 32. коло во германската Бундеслига.

Гостите подобро го отворија натпреварот и на полувреме заминаа со предност од три гола 10-13. Во вториот дел домаќините успеаја да се вратат и да го одведат натпреварот во неизвесна завршница. Таму во последните пет минути нашиот репрезентативец беше најдобар играч на својот тим, а со голот во последниот напад успеа да донесе и победа за Хановер од 28-27.

Нашиот Филип Кузмановски со шест гола беше најефикасен во својот табор, а со истиот број на погодоци заврши и Хрватскиот интернационалец Иван Мартиновиќ.

За Хановер овој натпревар немаше резултатско значење бидејќи веќе успеаја да обезбедат опстанок исто како и Ерланген кој е две позиции над денешниот противник.

Се вчитува...