Кузмановски во топ форма пред Чешка, Хановер со бод против Берлин

Филип Кузмановски во одлична форма го дочекува бараж двомечот против Чешка за пласман на Светското првенство 2023 година кое ќе се игра во Шведска и Полска.

Неговиот Хановер одигра реми (32-32) на гостувањето кај фаворизираниот Фуксе Берлин, а нашиот бек одигра одличен натпревар во најсилната ракометна лига во светот.

Филип Кузмановски постигна пет гола на овој меч и беше еден од тројцата најдобри ракометари на својот тим. Со овој освоен бод, Хановер скоро  успеа да обезбеди уште една сезона во германската елита.

 

 

Се вчитува...