Контиуниетот на настапи на Македонија на големите натпреварувања ќе продолжи и на СП 2027 откако нашите ракометари синоќа без поголеми проблеми ја минаа бараж-пречката наречена Словачка.
Максимален фокус и ангажман во текот на сите 60 минути беше наш заштитен знак и на вчерашниот реванш, противникот не беше потценет и покрај убедливата победа во Прешов пред неколку дена, па избраниците на Лазаров одиграа перфектни 60 минути пред преполните трибини на СЦ „Борис Трајковски“ (38-23) и заслужено на крајот со верните навивачи го прославија новиот мундијалски билет.
Капитенот на тимот Филип Кузмановски изјави дека верува во оваа генерација дека може да направи успех кој ќе се памети…
„Верувам во оваа генерација мислам дека е време да направиме успех кој ќе се памети во нашите кариери. Одиме уште појако и мислам дека имаме квалитет да одиме напред. Македонија секогаш има цел да помине група и да оди чекор по чекор. Покажавме дека можеме да играме со секоја репрезентација. Сега сме чекор погоре и позрели сме па ќе атакуваме на добри резултати“, изјави Кузмановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
