Кузмиќ е подобар, утре на нова операција

Кошаркарот на Црвена Звезда, Огњен Кузмиќ кој викендов беше сериозно повреден во сообраќајна несреќа во Босна и Херцеговина, се наоѓа надвор од животна опасност и неговата состојба е стабилна, пренесуваат во соопштение од клубот.

„Огњен се уште се наоѓа во кома, но неговите бели дробови подобро функционираат и тој може самостојно да дише. Тој во среда ќе има операција на горната вилица како би можел полсено да дише. Поради сложената операција Кузмиќ ќе остане во кома, додека не се изврши хируршкиот зафат“, стои во соопштението на Црвена Звезда. 

Дефинитивно, одлична вест бидејќи кошаркарот од денеска веќе е надвор од животна опасност.

 

Се вчитува...