Кошаркарската јавност е во шок по страшната сообраќајна несреќа на патот Бања Лука – Приједор, во која тешки повреди заработи српскиот репрезентативец Огњен Кузмиќ. Тој од местото на несреќата со тешки повреди бил пренесен во Клиничкиот Центар на Република Српска, но раководството на Црвена Звезда експресно организирало хеликоптерски транспорт за Кузмиќ да биде пренесен во Белград.
Српските медиуми пренесуваат дека Кузмиќ се наоѓа во индуктивна кома, но дека не се наоѓа во животна опасност. Првичните прегледи не покажале хематом во пределот на мозокот, но центарот има скршеници на горната и долната вилица, како и тешки повреди на градниот кош.
Веднаш по пристигнувањето во Белград врз Кузмиќ ќе биде извршен хируршки зафат, во обид колку што се може да се санираат тешките повреди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА