Квадрадо се обиде да се поигра со Роналдо, па веднаш зажали (ВИДЕО)

Во таборот на Јувентус владеа добра атмосфера пред реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите каде домаќините ќе се обидат да ја анулираат негативата од 1-0 по првиот натпревар против Олимпик Лион.

Една снимка од последниот тренинг на тимот привлече големо внимание кај јавноста. Војчех Шчесни и Хуан Квадрадо се обидоа да се поиграат со Кристијано Роналдо откако го ставија во „средина“ тие прославија во стилот на португалскиот ас. Сепак, Квадрадо веднаш зажали поради тоа што само неколку секунди подоцна Роналдо успеа да му ја одземе топката и да го стави него на негово место.

 

Се вчитува...