КВАЛИФИКАЦИИ ЕП 2022: Чешка ја шокираше Франција, победи на Хрватска и Србија

Женската ракометна репрезентација на Чешка успеа да го шокира актуелниот олимписки шампион Франција, совладувајќи го со 31-30 во натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство кое на крајот на годинава ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора.

Домаќинките одиграа неверојатен натпревар против големиот фаворит кој веќе го осигура пласманот на ЕВРО и успеаја да ја забележат првата победа, а со тоа да се приклучат во дуелот за второто место со селекциите на Хрватска и Украина.

Во истата група Хрватска славеше против Украина на неутрален терен со 19-26.

 

РЕЗУЛТАТИ КВАЛИФИКАЦИИ ЕП 2022:

Турција – Србија 30-36

Литванија – Полска 27-40

Украина – Хрватска 19-26

Чешка – Франција 31-30

Ф. Острови – Романија 21-31

Словачка – Шпанија 20-29

Се вчитува...