КВАЛИФИКАЦИИ ЕВРО 2022: Хрватска повторно немаше сила за изненадување против Франција

Женската ракометна репрезентација на Франција славеше и на вториот натпревар против Хрватска во квалифиакциите за ЕВРО 2022, овој пат на домашен терен со 27-19. Французинките во првиот дел ја одиграа својата препознатлива одбрана па на пауза заминаа со предност од 13-9.

Во второто полувреме Французинките рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 27-19. Дури четири ракометарки на Франција завршија со по четири погодоци (Зади, Уголин, Нзе Минко и Ондоно), додека кај Хрватска ист број постигна Милосавлјевиќ.

Во останатите натпревари кои се играа денеска во евроквалификациите: Словачка – Португалија 21-23, Швајцарија – Литванија 34-18 и Исланд – Турција 29-22.

Се вчитува...