КВАЛИФИКАЦИИ ЕВРО 2022: Србија немаше сила за нова сензација против Шведска, Холандија повторно подобра од Германија

Ракометарките на Србија не успеаја да ја повторат сензацијата од пред некој ден и овој пат лесно беа поразени од Шведска на гостувањето со 33-25. Првото полувреме колку толку Србинките успеваа да ги следат противничките па на пауза заминаа  со негатива од само три гола 17-14.

Сепак, во вториот дел се распадна играта на нашиот северен сосед и на крајот Шведска стигна до убедлив триумф со 33-25. Јамина Робертс со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Јелена Агбаба заврши со четири голови.

Холандија стигна и до втор триумф против  репрезентацијата на Германија, овој пат на домашен терен со минимални 30-29, а на втора победа се радуваше и Данска која повторно беше рутински подобра од Романија (32-27).

 

 

 

Се вчитува...