Квалификациите за Светското првенство 2023 продолжија денеска, а во нив поранешните југословенски држави не успеаја да стигнат до победи. Црна Гора испушти златна шанса за заверка на место во следната фаза откако на домашен терен загуби од Унгарија со 84-88.
Џастин Кобс беше првото име во редовите на Црногорците со 21 поен, 5 скока и 4 асистенции, додека Војвода беше првото име кај гостите со 24 поени и 4 скока.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина пак претрпе убедлив пораз на гостувањето во Литванија со 77-56. Димса беше енигма за Босанците со 19 поени и 8 скока, додека Атиќ ги предводеше гостите со 12 поени и 7 скока.
На победа се радуваше Франција која по триумфот во Португалија со 55-69 остана со перфектен учинок. Мбаје беше лидер на Французите со 16 поени, додека Лисбоа постигна 14 поени за домаќините.
До значајна победа стигна и Чешка која славеше на домашен терен против Бугарија со 83-80 забележувајќи го првиот триумф во квалификациите. Бугарите немаа одговор за Хрубан кој со 29 поени, 6 скока и 5 асистенции беше лидер на тимот, додека Јанев ги предводеше гостите со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА