КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП: Шок за БИХ од Луксембург, Србија се спаси во последните секунди со Бугарија (ВИДЕО)

Селекцијата на Луксембург го направи најголемото изненадување на денешните квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2024 година во Германија. Оваа селекција ја совлада БИХ и тоа среде Зеница, за втор триумф по ред и зголемувае на шансите за сензационален пласман на ЕП.

БИХ одигра слаб прв дел, во кој Луксембуржаните имаа предност со голот на Боргес Санчез. Во вториот дел во 56. минута БИХ промаши голема шанса за израмнување, односно промашен пенал на Хаџиахметовиќ, а казната стигна во 74. минута кога Синани даде втор гол за предност од 0-2 на гостите.

Србија беше пред сензационален пораз од Бугарија во Разград. Десподов во 47. минута донесе предност за домашните, а во последните 10 секунди од мечот Србија успеа да израмни и да се спаси од пораз на овој меч преку Лазовиќ.

Ова „реми“ го искористи селекцијата на Унгарија која на домашен терен ја совлада Литванија со 2-0, и се најде на првото место на табелата.

Изненадување и во Кишињев. Молдавија со огромен пресврт во вториот дел ја совлада селекцијата на Полска. Полјаците имаа 0-2, а Молдавците со три гола во вториот дел стигнаа до 3-2 и победа од овој меч. Кристијано Роналдо на својот јубилеен 200-ти натпревар, успеа да постигне гол и да ги донесе трите бода на Португалија на гостувањето кај Исланд.

Албанија успеа со 1-3 да го добие дуелот со Фарски Острови.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП, РЕЗУЛТАТИ:

Австрија – Шведска 2-0
БИХ – Луксембург 0-2
Бугарија – Србија 1-1
Естонија – Белгија 0-3
Ф.Острови – Албанија 1-3
Исланд – Португалија 0-1
Лихтенштајн – Словачка 0-1
Унгарија – Литванија 2-0
Молдавија – Полска 3-2
Норвешка – Кипар 3-1
Шкотска – Грузија 1-0 (се игра во моментов, имаше прекин поради натопен терен)

Се вчитува...