Квича Квараскелија е еден од најдобрите фудбалери на планетата и, според многумина, прв фаворит за освојување на Златната топка. Со Пари Сен Жермен ја освои втората последователна титула во Лигата на шампионите по победата против Арсенал во Будимпешта.
По тој успех, тој одби да одговори на прашање на руски јазик. Грузискиот фудбалер даваше изјава по неговиот неверојатен успех и му беше поставено прашање на руски јазик.
„Квича, можеме ли да зборуваме руски? Какви емоции имаш по освојувањето на титулата“, гласеше прашањето на руски.
„Не, не знам да зборувам руски. Извини“, одговори Квараскелија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
