Квартараро од 2021 во Јамаха – Дали Валентино Роси заминува во пензија?

Фабио Квартараро ќе биде замена за Валентино Роси во Јамаха од 2021 година, потврдија од јапонската екипа. Oдлуката за договорот со фабричкиот тим е таа бидејќи за услугите на младиот мотоциклист заинтересираност покажаа и Дукати и Сузуки, откако тој имаше неверојатна дебитантска сезона во „кралската класа“. Шест пати стигна до пол-позицијата, а седум пати заврши на победничкиот подиум.

Оваа вест може да значи дека Роси во 2021 година или ќе се повлече од мото шампионатот или ќе го преземе местото на Фабио Квартараро во Петронас Јамаха.

Се вчитува...